Како е возможно да е „мал инцидент“ ситуацијата во „Охис“, а луѓето се гушат два дена? Зошто ако не е „хаварија“ армијата беше внатре и зошто надлежните дури денеска излегоа пред камерите да објаснат, а не веднаш? Некој треба кривично да одговара велат од коалицијата „О2“,пренесува „Алфа Телевизија“
Невена Георгиевска од „О2“ иницијатива во гостување на Алфа, рече дека мора да се понесе одговорност со оглед на сериозноста на ваквата хаварија.
Во вонредното студио синоќа посветено на случајот во „Охис“ се јави жена, поранешна вработена во Охис која сакаше да остане анонимна. Кажа една информација на која надлежните итно мора да одговорат.
А за колку опасна материја станува збор за Алфа објасни и поранешниот директор на клиниката за токсикологија, Андон Чибишев. Тој потврди дека станува збор за доста отровна и штетна материја, која предизвикувала печење на очите и низа проблеми кои му штетат на човечкиот организам. Бара од надлежните веднаш да реагираат и да не оставаат се на случајност.
Инаку, уште пред една година за проблематичното складирање на отровни супстанции во „Охис“ реагирал и сега поранешниот министер без ресор во владата на Зоран Заев, Аднан Ќахил, кој беше и член на работната група за решавање на линданот но и поранешен главен инженер во фабриката. Ќахил предупредил дека во кругот на „Охис“ се складираат отровни супстанци кои без разлика колку безбедно се чуваат сепак треба да се отстранат за да не се случи инцидент. А токму тоа бидна. Зошто надлежните дозволија да се случи хаосот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.