Наместо конкретен одговор, етикетирање на цел медиум, велат од „Алфа“  откако министерот без ресор Роберт Поповски изјави дека телевизијата била под влијание на претходната власт. Одговорот дошол откако му било поставено веројатно за него незгодно прашање – дали со државните субвенции за весници постои основ за нивно корумпирање, велат од „Алфа“.

Владата не дава пари, ниту ја пропагира својата политика, ниту има намера оваа Влада да помисли нешто да прави. Тоа беше во периодот кога Македонија беше заробена држава. Вие многу добро знаете какво влијание имаше претходната власт и можеби се уште имате влијание од некои структури од претходната власт, изјави Роберт Поповски.

Ова не е првпат функционери на СДСМ да ги напаѓаат медиумите. Пред нешто повеќе од три години, тогаш опозицискиот лидер, сега премиер на Македонија, Зоран Заев наброја неколку медиуми кои биле непријатели на неговата партија, меѓу кои беше вброена и „Алфа“ телевизија.

Во моментот став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политчки непријател за нас како опозиција се медиумите како што се „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ телевизија, „Дневник“ и „МРТ“. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓудрогото се финансирате и дел од пари на граѓаните, изјави Зоран Заев на 1 декември 2015 година.

Власта само минатата година дала околу 700 илјади евра како поддршка за печатените медиуми – по педесет проценти од трошоците за печатење и диструбиција добија медиумите на македонски јазик, а по 70 проценти оние на албански.

СДСМ како опозиција, пак, постојано тврдеше дека со државни пари се контролирале новинарите и известувањето и дека кога ќе дојдат на власт ќе запрат со тоа.

Целото видео гледајте го на „Алфа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.