Затаи системот или скриен договор му ја исчисти трасата преку граница на бившиот специјалец, Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година. Дека системот на функционира од суд до затвор не е новина колку и денеска премиерот Зоран Заев лежерно да звучеше во изјавата, префрлајќи ја топката во МВР како од затвор да избегал ситен крадец, а не осуден убиец, врз чиј грб СДСМ со години водеше кампања против ВМРО ДПМНЕ и раководството на МВР во нивно време, објави Алфа.

За разлика од резервираноста на премиерот, која алудираше на тоа дека за бегството на убиецот нема виновник, вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски директно посочи на нефункционалност на институциите.

Судот во Штип, последен пат се видел со осуденикот Игор Спасов во септември, еден месец откако повторно му дозволил одлагање на затворската казна. Поседен пат Спасов поради операција на урологија побарал одложување во јули. Во затвор требало да се појави на 18 октомври, но ниту една институција не знае кога избегал од државата, зошто немало побарано никакви мерки за негово лоцирање додека затворот му е во прекин. Сега по него има распишано национална потерница, тој треба да одлежи уште 7 години и 3 месеци од казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.