По поразот на локалните избори, посебно во главниот град, на вчерашната прес-конференција Зоран Заев поднесе оставка од премиерската и од функцијата лидер на СДСМ.

Додека во Собранието се очекува официјално и писмено да ја предаде оставката, на „Инстаграм“ неговата ќерка Александра Заева порача дека е нејзин херој.

Таа сподели дел од неговиот говор, во кој тој вели дека е разочаран што народот ги избрал луѓето што пред четири години „тргнале да убиваат“ и порачува „Господ да ја чува Cеверна Македонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.