Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашната емисија „Што не е јасно“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на новиот Закон за Јавно обвинителство, улогата на Јовевски, приемот на Македонија во ЕУ, учеството на молитвениот појадок во САД…
Николоски особено се осврна на улогата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Јовевски одамна го изгуби кредибилитетот да зборува за било што. Обвинител кој што прифаќа писмо кое што никој не го видел од страна на обвинител кој што е во притвор да пренесува предмети, тука треба да престанеме за зборуваме за неговиот интегритет, заклучи Николоски.
Николоски додаде дека Јовевски едно говори, но во законот пишува друго. Ако пишува „сите“ тоа треба да значи сите.
Ова значи за македонската јавност дека Зоран Заев прави амнестија за себе, прави амнестија за Боки 13, прави амнестија за Катица Јанева, прави амнестија за Драги Рашковски, прави амнестија за Курто Дудуш и да не ги набројувам сите функционери на СДСМ кои што се затекнати за Венко Филипче, за Ден Дончев во „Рекет 2“ или ако сакате во аферата „Вирус“ или сите оние останати афери кои што излегоа пред очите на јавност. Или ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ или пак ги вадеа медиумите, појасни Николоски.
ВМРО-ДПМНЕ на се тоа не може да се согласи, подвлече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.