Двајца поранешни министри за надворешни работи Александар Димитров и Денко Малески ќе бидат советници на новоизбраниот претседател на Македонија Стево Пендаровски.
Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска. Блерим Кољари ќе биде советник за национална безбедност, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.
Шеф на кабинетот на претседателот Пендаровски ќе биде Миле Бошњаковски, кој на таа функција доаѓа од местото портпарол на влада, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска.
Како советници во кабинетот потврдени се Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.
Новинарката Катерина Цаневска ќе биде одговорна за односи со јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.