Вчерашната вест дека во Истражниот затвор Скопје имало физичка пресметка во која настрадаа поранешни министри од ВМРО ДПМНЕ е настан без преседан и бараме брза разрешница, но и одговорност.
Се обраќаме најпрво до Министрите за правда и внатрешни работи. Од нив очекуваме конкретна реакција. Бидејќи овие случувања не се одлика на современа држава која го следи патот кон ЕУ.
Второ, се обраќаме до директорот на затворот: Како е можно во затворот во два различни периоди во ист ден да се случат два различни инциденти со физичка пресметка?! Директоре, наместо да барате кој прв почна, време е да си ја потпишете својата оставка бидејќи луѓе во затворот ви се повредени. Луѓето не се безбедни во институцијата која ја водите и никакви изговори не може да го оправдаат овој пропуст.
Трето, имајќи ги во предвид погоре наведените факти се надеваме дека судот ќе овозможи домашен притвор за луѓето чиј живот е загрозен и ќе се престане со дополнителни барања за притворање на пратеници, да потсетиме ова е веќе осмо барање за одземање на имунитет на пратеник.
Сакаме да се обратиме и до Христијан Мицкоски. Тој како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, треба да сфати дека има поважни работи од тоа да биде сликан. Парадирањето вчера и демонстрацијата на сила е уште едно шоу, бидејќи тој знае дека не може да се посети притвореник без судска дозвола. Христијан Мицкоски, не ги посети луѓето од настаните од 27 април, кои веќе втора година се во притвор и за нив досега не покажа никаква грижа и интерес. Непреземената одговорност за сите важни одлуки за Македонија, не може да се прикрие со носење камери и драматични изјави.
Конечно треба да превземе конкретни чекори и преку разговор со сите политички партии да се изнајдат решенија за стабилизација на и онака кревкото општество.
Премиерот има обврска да седне со сите политички чинители и помирувањето да стане реалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.