ЕКСКЛУЗИВНО документи од Централен регистар на ХОНГ КОНГ од кои се гледа:
1. ФАНТОМСКАТА Стабри е регистрирана во СЕПТЕМВРИ 2017, а Заев формираше Влада во МАЈ 2017.
2. Има САМО 3 вработени
3. Преку таа фирма оди обидот за набавка на вакцини по ЦЕНА 2 ПАТИ ПОВИСОКА од таа по која се продаваат вакцините. Наместо 25-30 долари вакцините се купуваат за ФАНТАСТИЧНИ 62.5 долари
ОСТАВКИ веднаш! Алчноста и криминалот на Заев чинат човечки животи! – пишува потпретедсателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Posted by Aleksandar Nikoloski on Sunday, 14 March 2021
Денеска и Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на која презентираше документи од Централниот регистар на Хонг Конг. Тој објави дека фантом фирмата Стабри Интернешенал преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана на на 22 септември 2017 година, само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година.
На фантом фирмата Стабри Интернешенал според нашите документи и се префрлени 12.5 милиона долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за Синофарм, 30 за Вицето, рече Лефков.
Одговори СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што државата набавува вакцини од скоро сите производители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.