Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Пелеши ќе биде пречекан од министерката Радмила Шекеринска, а по официјалната церемонија со највисоки воени почести, ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации. Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, за улогата на двете земји-членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност, како и за унапредување на колективната одбрана во рамки на Алијансата.

Македонија и Албанија, како што наведуваат од Министерството за одбрана, имаат одлични билатерални одбранбени односи, соработуваат на регионално ниво и се сојузници во рамки на НАТО – Алијансата.

Албанската делегација ќе биде примена и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на државата Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.