Албанските опозициски партии Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Беса на Биљал Касами на претседателските избори ќе одат со заеднички кандидат. Еден од потенцијалните претставници кои се споменуваат во јавноста е професорот, Иљаз Кадриу, кој е независен, но можно е да ја добие поддршката од двете партии како нивен кандидат.

Фадиљ Зендели од Беса за „Макфакс“ вели дека во игра се неколку имиња, но сепак рано е да се каже за кого станува збор.

Имаме начелен договор на претседателските избори да одиме со заеднички кандидат. Но се уште немаме конкретен договор кој ќе биде кандидатот. Двете партии треба да одржат внатрепартиски состаноци, да предложат имиња и следната недела да се договориме кој ќе биде најприфатливиот предлог – изјави Фадиљ Зендели од Беса.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.