Може ќе пукне некој од мака, ама Албанците НЕ СЕ ВИНОВНИ. Треба ФАЛА да им кажеме. Не се зафркавам ич. Еве зошто, ако некој не сфати, вели Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмскиот театар Скопје.
Тој реагира на синоќешниот инцидент во Синѓелиќ.
Вчера во 22,00ч. во ПС Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од с.Синѓелиќ и В.В. (30) од ул.„Алија Авдовиќ“ поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење. По лишувањето од слобода на лицата, на ул.„Алија Авдовиќ“, поголема група граѓани излегле на истата улица во знак на протест.
Како дете што го тестира авторитетот на родителот, потполно исто, го тестираат авторитетот и силата на државата. Вчера во Гази Баба ни покажаа уште еднаш дека одважна држава која е строг и праведен родител, НИЕ НЕМАМЕ.
Или во превод, Албанците вчера во Гази Баба на лесен начин ја победија ова држава и нејзиниот расклатен авторитет.
Затоа не се виновни тие, ама ич. Само ви покажаа на дело дека не ве бидува.
Без трошка иронија. Тешко е да се чуе, знам. Ама вистината никогаш не е пријатна. Затоа кажете и на Рада да ја повлече војската од Прилеп. Смешно е. Се натопориле со оружје пред маркети, чиниш Прилеп е Белфаст пред пола век. Театар на апсурд, пишува Тасевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.