Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Клик Плус на ТВ 21 зборуваше за тоа колку е далеку премиерската фотелја.
На првото прашање дали како премиер ќе работи на развој на Североисточниот полошки регион, каде што Албанците се доминантно население, поставено од економистот Висар Адеми, Мицкоски со одговор дека сите ќе бидат рамноправни.
Лидерот на опозицијата вели дека исто како што ќе се залага за интензивен раст во Вардарскиот, Скопскиот, Пелагонскиот регион така ќе се залага и за развој на Полошкиот и сите други региони во Македонија.
Тој најавува проекти во сите региони но најавува и дека ќе бара сите граѓани од сите региони освен привилегиите да ги исполнуваат и обврските кон државата.
Мицкоски во контекст на обврските кон државата зборуваше за општината Арачиново населена со Албанци, каде што од десетина илјади жители државата собрала само 960 денари данок на имот.
Мицкоски посочи дека националните подгревања не се причина за иселувањето на албанското население од селата и градовите, туку слабата економија и неработењето на сегашната власт.
Албанците не се иселуваат од своите села поради тоа што некој ги инволвира во некакви етнички подгревања, туку луѓето се селат поради тоа што не гледаат перспектива, не гледаат подобрување. Едноставно секој веќе го чувствува неработењето на СДСМ и коалицијата. Албанците не се баш така среќни како што сакате да ги прикажете. Јас сум во честа комуникација со професори, пријатели Албанци кои ја кажуваат суровата реалност”, рече Мицкоски.
Албанците мора да знаат која е вистинската страна. Тука не станува збор за ниски етнички емоционални кошкања, туку албанците сакаат да видат просперитетна држава во која ќе можат да ги школуваат своите деца, да работат, да творат. Тоа во моментов го нема, но ВМРО-ДПМНЕ никогаш не работело само на одредени групи на граѓани, туку на сите кои живеат во Република Македонија без оглед на нивната етничка или верска припадност, заврши Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.