Гласовите дадени за Блерим Река во албанските општини во вториот круг главно отидоа на контото на Стево Пендаровски. Па така Липково на Пендаровски во вториот круг му даде 4067 гласови од досега обработените (некаде околу 60 отсто), а во првиот круг имал 1669 гласа. Тие 2900 гласа на Река во вториот круг се гласови за Пендаровски. Иста е и состојбата во Желино, каде од досега обработените гласови Пендаровски има 2734 гласа, а во првиот имал само 878 гласа. Гордана Силјановска Давкова имала 15, а сега 47 гласа.

И Арачиново кое во првиот круг им кажа НЕ на ДУИ и СДСМ, во вториот круг гласовите ги даде за Пендаровски – од 835 во првиот круг, сега има 2896 од досега обработените гласови. Боговиње го избра Пендаровски. Најголем дел од гласовите дадени за Река сега отидоа на контото на Пендаровски – 1547 гласа во првиот круг сега, од оние гласови кои се пребројани, Пендаровски има 3759 гласа.

И во Гостивар од досега обработените гласови Пендаровски има скок – од 8757 гласа во првиот, сега има 11 509 гласа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.