На локалните избори во Куманово голем број млади Албанци го поддржаа СДСМ и премиерот Зоран Заев. Функционерите на овој политички субјект во албанските населби одржаа собири, ветувајќи подобар живот за сите. Но, денес, овој однос е променет.
Новинската агенција ИНА дознава дека еден дел од подмладокот албанци-членови на оваа партија поднеле листа со барања до премиерот Зоран Заев. Тие истакнале дека нивниот ултиматум ќе трае еден месец и ако нивните услови не бидат исполнети, ќе ја напуштат партијата.
Во наредните денови, новинската агенција ИНА ќе објави повеќе детали за ова.
Извор: ina-online.net
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.