Шади Науф ал Садех, мистериозниот патник со арапско потекло кој се најде на списокот со преживеани во болницата во Софија, вчера се јави во бугарските медиуми, велејќи дека тој нема ништо со трагичната несреќа и дека по грешка е ставен на списокот.

Ал-Садех, кој е бугарски државјанин, вели дека тој бил во болницата „Пирогов“ затоа што му била скршена раката и не знае зошто го напишале неговото име, објави БНТ.

Во саботата, тој бил примен на одделот за трауматологија во болницата со фрактура на раката.

Забуната со името на Шади ал-Салех на списокот предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот „осми патник“ кој ја преживеал несреќата. Синот на еден од возачите на автобусот вчера изјави дека го видел името на ал-Салех напишано покрај имињата на другите преживеани.

Во меѓувреме, со сведоштво за Сител се јави уште еден патник кој требало да биде во автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“, но по грешка ги ставил куферите во друг автобус на „Беса транс“ и патувал во него:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.