Актуелниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека слободно може да се спроведе одлуката на Вишиот управен суд на која денеска се повика поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски.
– Слободно нека ја спроведат пресудата на судот, но таа вели – да се врати назад на разгледување жалбата на Живко Митревски во Второстепената комисија. Никаде во пресудата не пишува Живко Митревски да се врати како претседател на ССМ, истакнува Димовски.
Повеќе детали, Димовски најавува за утре.
Денеска поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.