Кога политичкото лицемерие и лакомост не познава граници! Д-р Сашко Николов по професија доктор, кој дал Хипократова заклетва, дозволи во својот мандат – масакр на бездомните кучиња во Штип, како и континуирано изживување, реагирааат од граѓанската иницијатива за заштита на правата на животните „Кане корзо“.
Свесно неколку годишно игнорирање на сите дописи од активисти, на сите претставки. Во најмала рака видовме дека хоророт кој се случува под негова закрила и со негов амин, може да покаже само дека човекот нема морален компас и дека е спремен да дозволи секакво измачување и неетичко однесување од позиција на моќ.
Се запрашуваме повторно и повторно, колкав лицемер треба да си за да објавуваш КУПЕН МИЛЕНИК од неколку стотици евра, ако не и илјадници според пазарната вредност, и да зборуваш за цивилизациски вредности кога лично ти свесно си дозволил измачување на животни??
Знаете односот кон животните е одраз на вашата личност.
Ако вие можете при здрава свест да гледате како умираат животни во стационар без основни услови за престој, тогаш каков доктор сте? Како завршиле човечките животи кои ви биле доверени вам?
Зарем да си доктор не значи повеќе дека си и хуман човек? Човек кој сака да помага на други? Зарем сега стана маркетиншки трик? Зарем?
Зарем мислите дека граѓаните ќе заборават на битките кои ги водат со вас и вашиот колетив кој ја злоупотребува позицијата на моќ?
Не докторе! Ние граѓаните не забораваме, а дури и по некоја да случајност заборавиме, вашето безгранично лицемерие е очигледно секогаш тука да нè потсети!
❌ ❌❌ АКТИВИСТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА СЕ КАТЕГОРИЧНО ПРОТИВ УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ЗА УБИЈЦИ НА ЖИВОТНИ! ❌❌❌
Го направивте Штип – ГРАД НА САДИСТИ!, порачуваат од „Кане корзо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.