Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 425 од кои 189 се во Скопје. На инфективните одделенија во државава се лекуваат 109 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 43 се во Скопје.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 189, потоа Куманово со 53, Прилеп – 31, Тетово – 23… Кавадарци, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран немаат ниту еден активен случај.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 20 случаи на Ковид-19 од 2.885 тестирања, две лица починале и 30 пациенти оздравеле.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројот на оздравени пациенти е 149.612, а на починати е 5.470.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.