Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и професорот Христијан Мицкоски речиси целосно се разликуваат. Политичарот Мицкоски застана на чело на најголемата опозициска партија во земјата кога ВМРО-ДПМНЕ реши со нови сили на цврсти темели да оди напред, во тој период почна втората фаза од преговорите за името со Грција, па оттука и целиот политички амбиент влијае врз неговата политичка фигура. Според експертите Мицкоски како политичар има цврст став, напаѓачки стил во политичките излагања, но и одредена доза на резервираност. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ цели кон подобра економијата, отворање на нови работни места, креирање на подобра бизнис клима, обезбедување на сигурност на граѓаните, градење на мостови за соработка и пријателство со други држави и отворена критика на владата за сите погрешни политики. По активното влегување во политиката и изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 година, Христијан Мицкоски остана активен и во науката и во професурата, пишува Независен весник.

Професорот Мицкоски до крајот на годината ќе биде избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Во периодот кога партијата започна со кампањата „Обнова за Македонија“, се објавија два труда на Мицкоски во меѓународни списанија, кои се со релевантен фактор на влијание и се користат од научната фела на машинството, вештачката интелегенција и современото моделирање.

Првиот труд е објавен во англиското списание „Vehicle system dynamics“, кое е дел од меѓународната академска издавачка куќа „Taylor & Francis“. Списанието е рангирано меѓу првите три во научниот свет од таа област поради високиот фактор на влијание.

Вториот труд, објавен последната недела е во литванското списание „ЈVE Journals“ што е дел од платформата Математичко моделирање во инжињерството.

Професорот Христијан Мицкоски на Машинскиот факултет во Скопје држи предавања по неколку предмети како: Статика, Техничка механика, Јакост I, Кинематика, Динамика, Динамика и осцилации, Механизми, Динамика на машини.
За него колегите од машински факултет велат дека Мицкоски е колегијален професор, комуникативен, објективен во оценувањето, практикува интерактивна настава. Бара знаење, ама не е скржавец да им го пренесе. Во текот на наставата одвојува време за нејасни прашања. Како позитивна страна тие ја издвојуваат и иницијативата на професорот Мицкоски да се договара со нив кога да се одржи колоквиум или испит, да не се случи во еден ден да имаат два теста.

Учевме заедно со професорот, на часовите не молчевме, бевме активни, не се сведуваше наставата само тој да предава. Бараше знаење, за тоа беше строг“, се потсетува Ана, која веќе има завршено на Машински факултет.

 

Во саботи доаѓавме на дополнителна настава и тоа по негова иницијатива пред колоквиум“, подвлече Наташа, поранешна студентка на факултетот.

 

Во професионалната биографија на Христијан Мицкоски може да се прочита дека тој ја истражува мехатроника која вклучува комбинација на машинското инжинерство, електрониката и компјутерското управување. Мицкоски има докторирано интелегентно управување на роботите, докажувајќи дека во пракса вештачка интелегенција во смисла каква се подразбира, не постои во машинството, бидејќи луѓето и машините не може да постигнат сингуларитет со цел да го изедначат начинот на размислување. Професорот на Машинскиот факултет докажува дека највеќе што е постигнато е вештачкото резонирање, каде човекот дава команда, и по пренесените наредби во управувањето машината извршува определени задачи.

Мицкоски во својот докторат искористува еден од елементите на вештачкото резонирање, фази логиката создавајќи алгоритам кој го оптимизира производството на одредени производи, остранувајќи ги грешките во производството и максимално го оптимира производството. Дел од докажаното во докторатот е искористено во автомобилската индустрија во Германија при производството на автомобили. Во своите политички обраќања пред народот Мицкоски знаеше да истакне дека имал и италијанска и германска стипендија, пред него била отворена можноста за европска и за светска професура, но тој и сопругата, сепак, одлучиле семејството да го формираат во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.