Ако Заев понудил предлог македонскиот и бугарскиот јазик да се сметаат за исти јазици, тогаш тоа е национално предавство и негирање на македонскиот идентитет, рече на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Мите Лефков, одговарајќи на новинарски прашања за веста што ја пренесуваат бугарските медиуми.
Ако ова што го пренесуваат медиумите е вистина, а кое се однесува на предлогот кој Заев го дал на бугарската страна тоа ќе значи четири работи.
Прво, дека Заев наспроти неговите уверувања и тврдења дека не се преговара за посебноста на македонскиот јазик, тој безочно ја лажел јавноста. Ова директно потврдува дека се преговара токму за посебноста на македонскиот јазик кој е наше идентитетско обележје.
Второ, Заев со ова ја прифаќа негаторската теза на круговите во Софија, дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици, што пак е директно загрозување на нашиот идентитет.
Трето, ова значи дека Заев ги потврдува бугарските тези дека се до кодификацијата на македонскиот јазик во 1945 година, македонскиот јазик бил форма или дијалект на бугарскиот јазик, што е апсолутно неточно. Ваквото тврдење е негирање на историскиот континуитет на македонскиот јазик.
Четврто, Заев на овој начин покажува дека во преговорите врши национално предавство по теркот на Преспа. Укажуваме дека доколку Заев прифати вакво решение или формулација, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го прифати и ќе го напушти договорот, рече Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.