На Зоран Заев требало да му биде јасно за што разговара во моментот кога разговарал, поточно кога давал ветувања и концесии. Ова не е играчка, ова не е циркуска арена, овде не треба цирузантски и акробатски настапувања. За ова треба стратегија, за разговори како овиесо Бугарија треба стратегија, ако вие ја напуштите патеката тогаш ќе си имате проблеми, а тој тоа го направи, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на МТВ.
Според него грешката е направена во моментот кога дал Заев согласност за комисија за историја.
-Првиот момент кога вие сте се согласиле дека ќе има комисија за историјае грешка, тоа не требало да го направи. Реалноста е таква, Бугарија е дел од НАТО, а е и дел од ЕУ каде ние сакаме да бидеме, и е со поголем БДП. Ние сме помали и затоа треба да сме умни и стратешки да се позиционираме, а тој што направил, отворил дебата за што никој жив не би отворил и не сака да дискутира. И сега велиме што правиме и повторно правиме една антитеза на тезата и тоа е погрешно, рече Мицкоски. Според него треба да има реорганизација и како што посочи да бидеме поумни, бидејќи тоа е суштината за земји како Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.