Kонфузијата во СДСМ загрижува и претставува уште една причина да се јави сомнеж кај опозицијата дека се можни фер избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во вестите на ТВ Алфа.
Последната изјава на Заев, во која рече дека бил премлад за претседател. Дали тоа значи дека е премлад и Оливер Спасовски, кој е две години помлад од Заев? Дали со таа несреќна изјава Зоран Заев го елиминира Спасовски од трката за претседател или пак овие две години постари од Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, се навистина во зрели години и вистинска возраст за да бидат претседателски кандидати, прашува Мицкоски.
Внатрепартиските превирања, битки, оној Версај кој се случува во СДСМ ги прави сè понервозни, а нам, пак, тоа ни дава основано сомневање да веруваме дека во тоа бунило ќе предизвика лошо организирани претседателски избори.конфузијата во СДСМ загрижува и претставува уште една причина да се јави сомнеж кај опозицијата дека се можни фер избори, вели Мицскоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.