Зборувајќи за контрадикторните изјави на министерот за здравство Венко Филипче за купувањето на вакцините произведени во Србија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ потенцираше дека тоа само потврдува дека тој сè уште нема никаков план за пандемијата, а луѓе сè повеќе и повеќе умираат.
Суштината на оставките на минситрите за здарвство и во Австрија и Чешка е дека не успеале да се справат со предизвикот. Ние кога почна кризата рековме дека треба масовно тсетирање и во светот важеше паролата тестирај-тестирај-тестирај, од крајот на минатата година се зборува за вакцинирај-вакцинирај-вакцинирај, а сега за произведувај-произведувај-произведувај. Ние до втората не сме. И треба час посокоро наместо за провизии каде државата да вложи за прозиводство, вели Мицкоски.
Според Мицкоски, најмалку што можеа е да се повлечат, а не грчевито да се борат за своите функции.
На 15 април министерот вели не ни треба стратешко партнерство со Торлак, за на 16 април да рече ќе ни треба партнерство. Јас не знам дали овие луѓе размислуваат. Како вака се менуваат изјавите од ден во ден. Ако сум политичар и водам политика која не успева се повлекувам, ако е проследена со милион скандали тогаш треба да се одговара, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека штом набавката на вакцини е проследена со многу скандали за тоа надлежните треба да одговараат затоа што за криминал мора да се одговара.
Многу луѓе направиле кривично дело, ама завршиле во затвор. Ако сум јас политичар и ако јас водам погрешна политика, тогаш ако таа политика не успее чесно е да се повлечам и да речам „извинете, јас не успеав“. Но, ако мојата политика е проследена со милион скандали, тогаш јас треба да одговарам, ако постои основано сомневање за сторен криминал. Многумина такви јунаци познавам во минатото што денамтираа лавови беа, мачиња станаа, ќе видиме тоа времето ќе покаже дали се огрешиле пред народот или не, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.