За жал вакцината нема да не спаси од бранот кој доаѓа, таа доцни, а ако воопшто дојде поголема количина на вакцини во март, нејзините првични ефекти би се виделе во јуни, доколку вакцинираме со темпото на Израелците, а тоа според мене би биле 5.000 до 10.000 вакцинирани дневно, а не 2.500 како што е планирано, изјави за „Скопско Ехо“ проф. д-р Никола Пановски.
Според него, Израел вакцинира од декември, а сега ги гледа првичните резултати. Тоа што се планира е премногу, според анкетите, бројот на пријавени за вакцини е прилично мал, околу 100.000!
Па само со кинеските ќе се вакцинираат со две дози овие 100.000. А уште милион се нарачани!!! Ова е земја каде што традиционално доминираат бајачите и надрилекарите, науката и струката е фрлена на буниште. Во оваа земја имаме доктори кои се однесуваат како бајачи и надрилекари. Место да си купевме вакцини во декември, како Србите и Израелците, ние ќе си истераме уште еден бран, уште некоја илјада умрени, илјадници болни со последици на прележаната болест, уште илјадници без работа и леб. Така и со народот. На 300 милиони вакцинирани во светот до сега, масовно се прашува нашиот народ дали ќе умре од вакцината. Прво ќе се вакцинира Израел, па Србија, па кога ќе видиме дека тие си живеат среќно и задоволно, е тогаш и нашиот народ ќе побара вакцини. Тогаш оние нарачаните, дури и платените вакцини, ако воопшто стигнат, ќе се потрошат, ако до тогаш, додека се свести Македончето, не им помине рокот, вели д-р Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.