Новинарот и уредник на „Ифомакс“, Александар Митовски во текст објавен на порталот ја опишува прес-коференцијата која денеска ја одража лидерот на СДСМ Зоран Заев за која Митовски пишува дека имала траорна атмосфера и секој обид на новинарите за прашање кон Заев бил начекан како на нож. Според Митовски Заев веќе втор пат бега да даде одговор на тоа што е важно за јавноста, па затоа тој јавно го прашува:

Велиш, во Законот за Јавно обвинителество, во верзијата која по трет пат фалсификувана ја испративте во Собранието немало скриена амнестија. И нормално, тоа е она во кое сакаш да верува јавноста. Демек, не си ти тој што би се криел позади законски легитимирана амнестија. Ти си борецот за правда, кој истата ја закопа во јамата криминал озаконет со стотици закони парафирани од слугите кои каснале од трошките кои паднале по „рекет“ сесијата, прашува Митовски.

Во продолжение текстот во целост:

Денес бев на рочиште во постапка која против мене ја подигна ОЈО Куманово уште минатата година, кога во „демократијата“ на Зоран Заев слободоумните новинари станаа мета за отстрел, а секако, преку злоупотреба на законските одредби, обвинителот во предметот против мене започна кривична постапка врз измислено дело. Но, не ми беше тоа муабетот, ова го кажувам како оправдување за тоа што не стигнав навреме на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ.

 

И среќа. Среќа што стигнав на крајот, кога Заев ги одговараше последните две прашања. Мислам дека ако се задржев повеќе од оние десетина минути колку што бев во прес-центарот на СДСМ ќе се шлогирав.

Траорна атмосфера во која зомбирани луѓе, претежно старци, урлаа „Зоки, Зоки“ притоа воопшто не слушајќи што зборува човекот. Мрачни во ликовите, луѓе кои единствено му одговараат на „лидерство“ составено од криминогени структури кои своето делување го засноваат на правилата на подземјето. И секој обид нивниот вожд да биде соочен со вистинските прашања беше начекан на нож. Како на „секира заранети“. Урлаа по новинарите барајќи да се легитимираат кои се и што се, демек, да знаеле кој им го вознемирува лидерот за да можат подоцна да се пресметаат.

Жално е сепак што колегите новинари подлегнаа на притисокот. Притисок кој вешто и смислено беше извшрен врз нив. Навистина, надреална ситуација во која дури и новинарите го загубија фокусот, па импровизираа со прашања кои нема да ги налутат присутните сенки на Заев. Не знам, веројатно не сакаа да западнат во ничија немилост таму.

Сублимирано, гнасна атмосфера. Траорна. Атмосфера во која стотина мрачни ликови, испиени стари лица, зомбирани луѓе кои врескаа само еден збор „Зоки, Зоки“.

Прашањето кое не го поставија колегите, а кое беше клучно, не успеав да го поставам. Побрза Заев да каже „благодарам“ и да си замине, иако ме виде дека барам простор да му поставам прашање. Избега. Исто како и вчера од пред Собранието на Р.Македонија кога избега од прашањата на мој колега. Ок, еве ќе го прашам вака.

Велиш, во Законот за Јавно обвинителество, во верзијата која по трет пат фалсификувана ја испративте во Собранието немало скриена амнестија. И нормално, тоа е она во кое сакаш да верува јавноста. Демек, не си ти тој што би се криел позади законски легитимирана амнестија. Ти си борецот за правда, кој истата ја закопа во јамата криминал озаконет со стотици закони парафирани од слугите кои каснале од трошките кои паднале по „рекет“ сесијата.

Да бидам појасен, во членот 110 став 1. од Законот за јавно обвинителство се предвидува СИТЕ незаконски снимени материјали да не може да служат за индиција врз која Обвинителството ќе може да отвори истрага, стои во текстот на Алаксандар Митовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.