Директорот на депонијата Дрисла, Горан Ангелов на денешната дебата ,,Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справување со загадувањето” во Кино Фросина даде уверување дека депонијата не е загадувач во Скопје.

Во Дрисла работат 160 луѓе, кои секоја година одат на лекарски прегледи. Ако сум директор на депонија, и јас сакам животна средина. Ресорното министерство двапати не казни, не ни се баш пријателски настроени. Ве уверувам дека депонијата Дрисла не е причинител за аерозагадувањето во Скопје, рече Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.