Граѓаните кои вчера се тестирале на ковид-19 со брз тест преку Здравствениот дом Скопје ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени, соопшти Министерството за здравство појаснувајќи дека Здравствен дом набавил 4 илјади брзи тестови кои требаше да чинат по 1 000 денари, а термините за тестирање да се закажуваат преку Мој Термин. Но откако земјава доби донација од 13 илјади брзи тестови, Здравствен дом договорил со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се користат само донираните тестови кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата пак кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени, додаваат од Министерството за здравство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.