Гонење и на актуелната корупција и врските меѓу партиите и бизнисот од страна на СЈО може да доведе до порамнување на сметки, а не ефикасно судство, вели францускиот амбасадор во Скопје во врска со најавата дека СЈО би можела да отвори нови истраги.

Ако СЈО продолжи бескрајно да отвара нови предмети ќе се уништи системот, е стравот на официјален Париз.

Отворањето на нови предмети од страна на СЈО, носи ризик да се компромитира целиот систем, изјави амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во интервју за ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.