Полициски час и празни трибини, но за кого како. Или, како што вели народот, кој како си ја наредил. А кај нас има и такви кои многу убавоо знаат да си ја наредат. Ако цела ракометна јавност синоќа следеше ракомет пред телевизорите, фино одбрано друштво скандирало на трибините. И секако, не им беше проблем да се пофалат на социјалните мрежи и пред очи да ни мафтаат со „ни се може“.
Ако сте заборавиле, Чомбе, или директорот на ЗОО Ѓорѓи Галетановски, дослесно ги „политуваше“ и карантините пред една година и со личен пример ја поддржуваше политиката што ја спроведува неговата СДСМ: Не ме гледај што правам, слушај што ти забранувам.
Пратеникот Каевски, градоначалникот на К.Вода-Темелковски, директорот на ЗОО-Чомбе, директорот на Затвор Шутка-Сокол.
Како бе вака?????
Ако не си функционер ќе гледаш на ТВ? Кој ви дозволи да гледате во сала? Зошто вие гледате од сала, а јас на ТВ????? – коментира на Твитер корисникот со име Скопјанецот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.