Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анеглинка Петкова, на денешниот протест во Гевгелија истакна дека е недозволиво актуелната власт и Зоран Заев да преговараат за македонскиот идентите, јазик и историја.

Расипничката политика на СДСМ во однос со преговорите и Договорот со Бугарија е на штета на македонскиот народ и бараме итно повлекување и оставка на Заев. Оставка на Заев, слобода на народот, протест сега, за да ме биде предоцна, кој меѓудругото се одржува во 11 града ширум државата – истакна Петкова.

Петкова, порача дека ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на ваквата сервилна политика на власта и бара итно формирање на национален консензус за националните македонски прашања кои како што вели не можат и не смеат да бидат предмет на преговори.

Бараме оставка од Заев и формирање влада за национален консензус спас бидејќи кататстрофалните политики кои ги спроведува Заев и СДСМ, ја носат Македонија во целосен пропаст. Здравствената, економската а сега и политичката криза се јасен показател дека државата тоне – вели Петкова.

Според неа, Заев е единствениот политичар кој ове триесетина години ја понижил Македонија и македонскиот народ, распродавајќи ги македонските интереси.

Договорот со Бугарија е откажување од македонската историја, јазик и идентитет. Заев сака целосно да ја обезличи македонската држава, ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат. Со Заев, Македонија бележи само порази и неуспеси, ако се откажеме од историјата и идентитетот тогаш тоа е исто како да се откажуваме од нашето минато и нашата сегашност и нашето достоинство кое нема цена – порача Петкова.

Петкова истакна дека протестите ќе продолжат и во наредниот период и побара масовна поддршка од народот се со цел застанување на погрешните и катастрофални политики кои ги спроведува актуелната влада и Зоран Заев.

На протестот во општина Неготино пратеникот, Златко Пенков побара извнивање од владата и Заев за неговите искажани ставови и откажување на македонската историја и идентитет во интервјуто за бугарската национална агенција БГНЕС.

Бараме извинување од владата и Зоран Заев за понижувањата искажани во своето интервју за БГНЕС во кое се откажува од македонската историја и со тоа се откажува од македонскиот идентитет – вели Пенков.

Пенков смета дека Заев треба да си поднесе оставка бидејќи како што вели свесно ја манипилира јавноста и ја понижува државата пред другите земји, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува со тргувањата на Заев со македонската историја и идентитет, како и дека сервилната политика на Заев мора да прекине сега за подоцна да не биде прекасно.

Заев не само што ја понижува државата внатре, туку ја понижува и надвор. Секаде каде што ќе замине, го понижува македонскиот народ со својата сервилна политика и непромислените изјави. Интервјуто на Заев за бугарската национална агенција БГНЕС покажува дека тој не води грижа за македонските национални интереси и ги распродава каде и да стигне. Бараме итно извинување и повлекување од функцијата, ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстваува на ваквите катастрофални политики на Заев и власта. Преку овие протести сакаме да ги информираме сите граѓани, дека нема да дозволиме понижување и распродажба на македонските национални интереси, ниту распродажба на македонската историја и идентитет. Македонија е се што имаме, мораме да ја одбраниме. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани во наредниот период масовно, рамо до рамо да застанат со нас и да не дозволиме понижувањата да продолжат. Да излеземе што помасовно, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19 и да побараме оставка од Заев и слобода за народот – вели Пенков



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.