Одлуката засега е физичко писуство, освен за ученици со хронични болести и деца кои имаат постари членови со хронични болести и третата група тоа се деца кои по барање на родителите од немедицински причини може да упатат барање до училиштето и тоа да дозволи да не одат во училиште
Во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика, вели министерот за здравство Венко Филипче, на прашање дали доколку продолжи да се зголемува бројот на заболени ќе се размислува за повлекување на одлуката за настава со физичко присуство на учениците.

„Исклучоци се ученици со хронични болести и деца кои имаат постари членови со хронични болести и третата група тоа се деца кои по барање на родителите од немедицински причини може да упатат барање до училиштето и тоа да дозволи да не одат во училиште, сите други ќе бидат со физичко присуство. Родителот има право да побара за немедицинска причина и врз основа училиштето да даде или не даде согласност. Тоа што е битно е дека во било кој момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активиираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство“, објасни Филипче во интервју за Канал 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.