Вистината за несреќата во Бугарија е заложник на бугарско-македонските односи, сметаат од Институтот за безбедност во сообрачајот во Бугарија, пренесува ТВ21.

Обвинителството сака зачудувачки брзо да го затвори овој случај и уште од првите мигови по несреќата ни се протнува дека вината е кај возачот. Кажуваат дека вината е кај шоферот, потоа техничка неисправност. Возачот не може да се одбрани. Ќе се затвори случајот ако го обвиниме шоферот, тој е починат, ќе бидат исплатени обесштетувања на македонските роднини на загинатите и ќе има мир во целото општество, вели Милчев.

Милчев тврди дека случајот со умисла ќе биде долго забавуван, особено затоа што ако се докаже дека причина за несреќата се условите на патот, тогаш бугарската страна ќе треба да ѝ исплати огромна оштета на Македонија.

Според документите, банкините имале оштетувања од претходни несреќи, не биле поправени ниту повторно правилно поставени.

Што треба да се истражува? Ако беа правилно поставени ќе го задржеа автобусот и ќе му ја променеа траекторијата, без тој да падне во стапицата меѓу банкините. Бидејќи, жртвите не се од катастрофата. Такви катастрфи се случуваат неколку пати, десетици автобуси годишно горат и нема толку жртви. Жртви имаме бидејќи тие паѓаат во стапица меѓу банкините, рече Милчев.

На магистралата недостигаат вкупно 400 сообраќајни знаци меѓу нив и тој кој требало да го информира автобусот дека има исклучување од магистралата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.