Оваа селективност, непрофесионалност и неодговорност станата е неподнослива, коментира активистот Ивор Мицковски реагирајќи на веста дека сопственикот на доменот vaksajns.mk е повикан во полиција на разговор.

Значи ако сакате некако државата да изреагира, ако сакате институциите да покажат ажурност и ефикасност, само опсујте го нашиот храбар лидер, пратете фб закана до некој наш министер, бидете саркастични на нивна сметка, полиција веднаш ќе ви затропа на врата.
Но, доколку имате реален проблем, доколку сте жртва на сексуално насилство, доколку вас некој ве навредува и ви се заканува, е тогаш ќе бидете игнорирани и исмејувани.
Оваа селективност, непрофесионалност и неодговорност станата е неподнослива, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.