Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал. Човекот кој покажа дека ниту знае да менаџира ниту да управува со кризи да го унапредиш, наместо да го разрешиш и да поставиш компетентен лик е бесрамен потег на власта – реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната одлука на Владата Ангелов кој досега беше вршител на должноста диреткор на ЦУК, да биде назначен за директор на истата институција.

Од опозицијата додаваат:

Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно.

Ако сакате да спасите животи, ставете друг човек наместо Ангелов. Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно нека си замине и нека отстапи место на некој кој е способен, оти вака свесно или не е глинениот гулаб на Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.