Адвокатот Гоце Ристовски на денешните завршни зборови посочи дека обвинетите Ристовски и Јанакиески на 27 април 2017 година немале никава комуникација а тоа го потврдиле и листинзите од мобилните оператори.

Како тогаш може нешто да организираат, праша бранителот.

Исто така, на споменатиот ден немало никаква комуникација помеѓу Нинџа и Ристовски.

Во 23 Нинџа се обидел да му се јави на Ристовски, но немало никава комуникација, односно повикот траел нула секунди – појасни адвокатот.

Според него, станува јасно дека Нинџа воопшто не бил во просториите на ВМРО и оти го видел или комуникација со Ристовски, како што тврдеше во сведочењето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.