Ние остануваме на ставот дека ако остане законот и методологијата за попис вакви какви што се, ќе ги повикаме граѓаните против попишување, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ние сметаме дека овој начин на попишување е крајно штетен за мнозинската зедница, Македонците. Треба да се престане со принципот Македонците да се чувствуваат граѓани од втор ред во својата држава. Денес, ако прошетате со кого и да поразговарате етнички Македонец во Македонија секаде преовладува чувството дека Македонците се практично граѓани од втор ред во нивната сопствена држава, рече Мицкоски на гостувањето на телевзија Алфа одговарајќи на прашањето што доколку власта реши да оди на попис без согласност на опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.