Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ како и на Цветници и денеска се придружи на протестот за поддршка на уставобранителите од настаните на 27 април.
Мицкоски побара фер судење и ѝ порача на власта дека трпението на народот има крај.
Револтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе.
Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот, затоа што тоа трпение има и свој крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.