Скопје синоќа беше на меѓу десетте најзагадени града во светот, според квалитетот на воздухот и загадувањето кое се објавува на „Ер квалити“. Овој сајт го мери загадувањето во реално време и според него Скопје синоќа беше на 9. место.

Најзагадено беше во Маџир Маало каде мерните станици мерат 410 ПМ 10 честички на метар кубен. Ситуацијата не ништо подобра и во Кисела Вода, каде мерната станица покажува 398 ПМ 10 честички.

Близу 300 е и во Ново Лисиче и Гази Баба, каде мерните станици мерат 296, односно 287 ПМ10 честички на метар кубен.

Високи вредности, односно во црвената и виолетова зона се речиси сите останати мерни станици во Скопје. Аерозагадувањето синоќа беше високо и во Кавадарци, Гостивар, Тетово и Велес.

Позитивна работа: ако некој сака да нè бомбардира, нема да може да нè види од небо, коментира на Фејсбук Богдан Илиевски.

Позитивна работа: ако некој сака да не’ бомбардира, нема да може да не’ види од небо.

Posted by Богдан Илиевски on Wednesday, 11 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.