Кандидатот за градоначалник на Куманово Тони Михајловски го прифати предизвикот на активистите за заштита на животните од Куманово и изрази желба да спонзорира до вдомување две кучиња, Дарла и Белчо.
Работата, заложбите и трошоците на активистите за животни се честопати не ценети и не сфатени од околината дури и предмет на критика. Доколку лица кои што имаат големо влијание, како што се и кандидатите за градоначалник на Куманово преку свој пример покажат колку е племенита оваа работа и се вклучат во борбата за благосостојба на животните, се надевам дека повеќе граѓани ќе ги следат нивните дела. Се надевам и дека самите ќе се инспирираат и на долг рок ќе бидат вклучени во вакви акции, пишува активистка на ѕидот на страницата на Михајловски.
Тони, пак, сподели со кумановци, дека со Белчо се запознале и се засакале уште пред да биде објавен предизвикот.
Дарла и Белчо згрижени. 4/5 д’на пред да се постави предизвик, седнамо на ѕ’тче карши Версус да испиемо кафе. Едно бело куче дојде и легна ми до ноге. Тој беше Белчо. Ако некој сака да ги удоми добредојден е. Фала ти Марина Петковска за ов’ј предизвик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.