Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, коментирајќи ги изборните резултати, нагласи дека ја примиле пораката од граѓаните и оти таа порака допрела до сите нив.
Процесот на утврдување на индивидуална одговорност е веќе започнат во СДСМ. Благодарност до граѓаните за оваа опомена што ни ја испратија, после изборите ќе се утврдува одговорност на секој поединец и на институциите што ги предводи. Ги повикувам граѓаните што помоасовно да излезат на претседатлските избори, а ако не се задоволни од владеењето на СДСМ, не треба да ја казниме нашата држава и да ја вратиме децени и децении назад – рече Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.