Да не правиш разлика меѓу дијалект и јазик е страшно, но да не правиш разлика помеѓу бугарски и македонски дијалекти е уште пострашно, коментира поранешниот пратеник Илија Димовски по денешното интервју на Зоран Заев за БГНЕС.

Во Струмица и Петрич се зборува исто (слично), ДА, но на ист дијалект… кој е дијалект во/на македонскиот јазик…
Ама и во Делчево и Благоевград (Горна Џумаја) се зборува исто (слично), на ист дијалект, но различен од првиот, оној од Струмица и Петрич… а, пак дијалект од македонскиот јазик…
Ама и во Гевгелија и Гуменџа се зборува исто (слично), на ист дијалект, ама различен од првите два дијалекти… и пак дијалект на македонскиот јазик…
Ама и во Битола и Лерин се зборува исто (слично), на ист дијалект, ама различно од Струмица и Петрич…
Ама и во Дебар и Голо Брдо, исто така…
Па и во Ресен и Пустец, исто така…
Ама па и во Гоце Делчев (Неврокооп) и Драма се зборува на ист дијалект, а различен од првиот… и тој дијалект на македонскиот јазик…
Во македонскиот јазик има многу дијалекти, но е еден јазик…
Ова е наука бре, од Пулевски и Мисирков, преку Васил Иљоски и Антон Панов, преку Кочо Рацин и Коле Неделковски, до Шоптрајанов, Конески и Кепески…, коментира Димовски.

Прашува: Има ли бре еден да седне да му објасни?

Ќе му преќутите ли пак?
Лилјана Поповска?
Ирена Стефоска?
Илинка Митрева?
Људмил Спасов?
Никола Димитров?
Стево Пендаровски?
П.С. Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација“, тогаш тоа нив ги прави „терористи“ и „убијци“, а не ослободители… ова по меѓународно право…, пишува Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.