Зошто да пуштам некого дома кога цела година на минимум сум ги сведол средбите со моето семејство, го прашува активистот Ивор Мицковски прашањето што повеќемина си го поставуваат. Додава и дека, да бидеме искрени, тој можеше да биде одложен, зошто како што влеи, нема крај на неспособноста и контрадикциите на Владата.

Искрено со години се залагам за попис, и знам колку вина имаат ВМРО и ДУИ за пропаднатиот.
Делумна вина има и актуелната власт што сепак и требаа 4 години да го организира и лани дури го одложи.
Сега доаѓа иманентното и егзистенцијално прашање.
Ако нашата Влада не набавува вакцини и мисли на провизии;
Ако нашата Влада користи дубиозни посредници и провајдери за вакцини, па и се раскинуваат договори;
Ако нашата Влада си организира избори и слави потоа, си ажурира членство по станови, и потоа кога бројките на болни ќе експлодираат наметнува алиби полициски час;
Ако нашата Влада е недоговорна и неагилна, ако нашата Влада е се ова и многу полошо, тогаш зошто да дозволам на невакцинирани и нетестирани попишувачи да влезат кај мене дома.
Зошто да дозволам некој да влезе дома кога преку година дена јас не влагам кај никого дома?!
Зошто да пуштам некого дома кога цела година на минимум сум ги сведол средбите со моето семејство, со мојата мајка и брат, со моите пријатели, со сите што ми значат?!
Искрено дечки можевте да одложите, пошто нема крај на вашата неспособност и контрадикции.
Оттука, колку и да не го сакам ВМРО или не ми значи ништо Левица, искрено ќе размислам дали ќе ви отворам, а вие казнувајте колку сакате, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.