Точно во јануари излезе приказната за скриени необележени возила на Здравствен дом Скопје во гаража на поликлиниката Бит Пазар, потсети портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој додаде дека впечатлив беше џипот, го викаа „директорски“.

Прашувам, ако на ЗД Скопје им треба џип од 43.000€, зар не им треба ист таков и на другите здравствени домови? Или другите директори не се толку инвентивни да промовираат возила со Венкота?, прашува Стоилковски.

Додава дека од вкупната вредност (178.586€) потрошени за возила (11) џипот „тежи” една четвртина (43.236€)!

Или, џипот вреди колку набавка на барем три други возила.
И сега кога од Скопје ќе се јавите во Брза Помош, барајте Шкода Кодијак!, порача Стоилковски.

Точно во јануари излезе приказната за скриени необележени возила на Здравствен дом Скопје во гаража на поликлиниката Бит…

Gepostet von Naum Stoilkovski am Dienstag, 13. Oktober 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.