Maките во Македонија (Македонија) продолжуваат, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“ во голема анализа за досегашните, како и новата, бугарска пречка за евроинтеграцијата на Македонија, која како услов го поставува откажувањето на Македонците од тоа што се.
Тамам кога се чинеше дека им дојде крајот на патилата по две и нешто повеќе децении спор со Грција околу името на државата, што ги кочеше во евроатлантските интеграции, сега веќе од друга соседна држава – Бугарија – им се закануваат дека ќе ги блокираат нивните преговори со ЕУ ако инсистираат на својот, различен од бугарскиот, етнички, културен, историски и јазичен идентитет. Ако тврдат дека се тоа што се – ништо од ЕУ“, констатира „Јутарњи“ во воведот од анализата насловена „По 20 години патила со Грците, на Македонците сега им стигна нов студен туш: ‘Блокада’!“.
Целиот текст на „Јутарњи лист“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.