Груевски ќе се врати и ќе ја одлежи казната, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на ТВ24, коментирајќи ја работата на МВР и критиките за бегството на поранешниот премиер.
Во јавноста ова предзвика доста реакции, а актерот Сашо Тасевски му порача дека Груевски ќе се врати кога тие ќе заминат во затвор за велепредавство.
А бе Обиџуко, Груевски ако се врати дури и во лисици, тоа ќе биде пораз за вас. На аеродром ќе го пречекаат пола милион луѓе.
Не експериментирајте и така никој не ве сака. Оставете го да си ужива во Будимпешта. И онака ќе се врати, штом вие ќе заминете во затвор за велепредавство, коментира Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.