Ако главната мерка за борба против Ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ако Владата на Заев на владина седница ја одобри мерката предложена од партиската здравствената комисија тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот, а ако ја одбие тогаш Филипче и владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат, во спротивно ќе докажат дека си играат држава и целокупната криза е менаџирана од неспособни луѓе.

Според член 26 од Уставот полицијата може да влезе во дом само ако има претходно одлука од Суд, а не по желба единствено на МВР или обвинителството.
Или мафијата на Заев смета дека е суд, полиција и обвинителство во исто време па може да упаѓа по домовите и да бројат гости или ова е очаен обид на владата да го сврти вниманието од крахот и фијаското со здравствената криза, се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев и Филипче предизвикаа целосен дебакл на здравствен план.

Немањето јасна стратегија резултираше во 364 новозаболени од коронавирус во текот на вчерашниот ден.
Бројките галопираат. За три дена бројот на заразени е близу 1.000, односно половина од бројката од 2.000, колку што според Филипче требаше да изнесува бројот на заразени во Македонија во текот на целата пандемија.
Македонија и сите граѓани страдаат заради неспособноста и лекомисленоста на власта. Уште сме на почетокот на есента, а сезоната на грип само што не почнала и сепак бројот на заразени е алармантен. Со ваква неспособна власт кои бројки треба да ги очекуваме во претстојниот период?!
Кризата не ги затекна Заев и Филипче, тие знаеја дека ќе има уште пострашен удар од првиот бран, кој за жал кај нас е со продолжено траење, и не преземаа ништо во текот на летото за да ги зајакнат капацитетите на јавното здравство, како со болнички простории, така и со опрема.
Наместо импровизации и неспособност потребна е одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.