Силјановска во Струмица рече дека во меѓународното право се споредуваат држава со држава, регион со регион.

И знам неколку региони во САД кои се викаат Македонија. И на Титаник кога се качиле некои патници од Македонија ги напишале дека се Македонци. Кога ќе речете Република Македонија тоа значи држава, а не регион. Тие нека уживаат во нивниот регионален идентитет, а ние државниот. Како може да не е од идентитетот нешто со што сум се родила со што сум се идентификувала.

Умните луѓе рече, таа велат:

Ако реал политиката не се облагороди со идеализам морализам право правда, луѓето нема да имаат физички и духовен конфор.

Силјановска потоа истакна:

За да живееме во мир како соседи заслужуваме и ние човечко национално и политичко признание. На оние во власта кои се обземени од лукративни причини кои мислат фати го моментот стани богат можеби ништо не им значи ова, но нас не боли. Ако еден премиер не ја доживува болката на народот тогаш тој не е со народот и треба да си оди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.