Кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии, на жителите на Шишево им порача дека го застапува концептот на единство и заедништво.
Доста беа делби, обединети, треба сите заедно да гледаме напред и за младите да направиме европска држава и иднина, е пораката на Пендаровски.
Ние сите сме исти. На 21 април и 5 мај да излеземе масовно на избори, за да дадеме поддршка да продолжи политиката која е поддржана од мнозинството граѓани, политики на заедништво, на едно општество за сите, за напредок. Единствено тоа не води кон Европа и НАТО. Политиката на Гордана Сиљановска ги следи насоките на Никола Груевски и Мицкоски и тоа ќе значи поништување Законот за јазици, ќе значи акции против напредокот и заедништвото. Тоа де факто значи трет мандат на Иванов , рече Пендаровски.
Пендаровски побара граѓаните, сите заедно, да не дозволат да се вратат тие политики назад, туку да дадат придонес за напред, за подобар живот, нови работни места и соживот. Изминативе две години, рече, гледаме целосно нов пристап во нашето општество, градиме заедништво, едно општество за сите, многу е важно да продолжиме по тој пат, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.