Професорот и академик Илија Чашуле на својот фејсбук профил се осврна на последната изјава на министерот Димитров и портпаролот Бошњаковски кои рекоа дека јазикот што го зборуваат Македонците од егејскиот дел на Македонија не бил македонски јазик, нешто што крена огромна прашина во македонската јавност.
Изјавата дека говорите во Јужна Македонија не му припаѓаат на македонскиот дијасистем е велепредавство. Само да спомнам дека на пр. битолските и леринските говори се толку блиско сродни што сочинуваат една дијалектна подгрупа. Македонските говори во Јужна Македонија се во континуум. Тоа е јасно искажано во науката. Голем срам, непростено велепредавство за осуда. Гневен сум“, напиша академикот Чашуле на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.