Аеродром е местото каде што Заев, Шилегов и Златко Марин викаа „Аеродром Ајро – Ајро, воздух нема“ а веќе три години се на власт и чекаме било какво подобрување на условите за дишење, но попусто! Не е ништо поразлично ниту во соседните општини Гази Баба, Кисела Вода или пак Центар, никаде во Скопје нема услови за живеење, изјави вечерва Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ кој побара од власта да прогласи вонредна состојба поради отровите кои ги дишеме.

Се ветуваше чист, алпски воздух, а загаденоста е многу висока. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.